„Волчицата“ испушти сигурна победа

Киево ја продолжи кризата на Рома

објавено: 16 септември 2018 - 14:37

По серија од пет последователни порази на гостувањата на „Олимпико", Киево успеа да оддолее на нападите на Рома и да извлече реми во првиот денешен меч од тековоното коло во Серија А лигата. Иако „волчицата" имаше убедливи 2:0 на полувреме, „летечките магариња" со голема желба за добар резултат во второто полувреме се изборија за реми.

За домашните се тргна добро откако Ел Шарави отвори по само 10 минути игра, за во 30. минута Кристанте да ја удвои предноста на домашните. Во вториот дел пресвртот за гостите го најави Валтер Бирса, за во последниуе 7 минути од регуларниот дел, Степински да донесе израмнување на 2:2.

За Рома ова е трет меч без победа, што значи дека го пали црвеното светло. 

Најново во Меѓународен Фудбал