СЕДУМ ГОДИНИ НА „НЕДОПИРЛИВОСТ"

КОЛКУ Е ЈУВЕ ДОМИНАНТЕН ВО ИТАЛИЈА: Скоро сто бода разлика пред Наполи!

Ако се земат в предвид последните седум години во кои „црно-белите" се број 1 во Серија А, според бројот на освоени бодови се далеку, многу далеку понапред во однос на конкуренцијата...

објавено: 1 јуни 2018 - 17:00

Седма година по ред Јувентус е шампион на Италија. Практично недостижен за конкуренцијата на „чизмата".

Седум години „црно-бела" доминација и во вистинска смисла на зборот. Особено ако се земе в предвид бројот на освоените бодови кои оваа генерација на фудбалери на „Старата дама" ги реализира во овој период.
Збирната табела во Серија А за последните седум шампионати вели дека Јувентус има освоено 634 бодови.
Или дури 98 повеќе во однос на второпласираниот тим, наполи, кој има 536, а таа разлика е уште поголема во однос на Рома, која има 514...

Поинаку кажано, Јувентус има „фора" од еден цел шампионат, во однос на првиот пратител на оваа табела која најдобро го отсликува моменталниот однос во италијанскиот фудбал.
Милан е поставен на позицијата број 4, и има само еден бод плус во однос на Лацио, а во оваа група на топ клубови се уште Фиорентина, и Интер, кој е во заостанување од цели 212 бодови во однос на „јувентините", кои јасно е, со право се неприкосновени, недопирливи во Италија.

Најново во Меѓународен Фудбал