ПОНУДА КОЈА НА 40 ГОДИНИ НЕ СЕ ОДБИВА

„КОРИЕРЕ ДЕЛО СПОРТ" ВЕЛИ: Буфон и дефинитивно во ПСЖ, го чекаат 16.милиони евра!

Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон во наредните денови треба да го официјализира договорот со францускиот шампион, пренесува еден од најсилните спортски медиуми во Италија.

објавено: 30 мај 2018 - 10:30

Легендарниот италијански голман ги договорил сите услови за двогодишна соработка со првакот на Франција и останува само да се стави автограм на истиот.
После 17 години поминати во клубот од Торино, 40.годишниот голман одлучи да го напушти Јувентус.
Јасно и поради што. Во клубот од Париз ќе заработува двојно повеќе отколку кај „црно-белите".
Едне од најдобрите голмани во историјата на фудбалот за две години престој во Париз ќе заработи 16 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал