Нов блескав гол со ножички против Старата дама

Кротоне го скроти Јувентус, Сими го нокаутира шампионот во стилот на Роналдо (Видео)

Кротоне го скроти шампионот Јувентус, а нигерискиот напаѓач на аутсајдерот, Сими постигна гол со ножички во стилот на Кристијано Роналдо

објавено: 18 април 2018 - 22:51

Кротоне го скроти шампионот Јувентус, а нигерискиот напаѓач на аутсајдерот, Сими, постигна гол со ножички во стилот на Кристијано Роналдо. Мечот заврши нерешено 1:1, што е првокласна сензација, како и погодокот на Нигериецот. 

Сими слично како и Роналдо во меч од Лигата на шампионите, ја затресе мрежата, но овојпат на Шчесни, а не на Буфон. И двата погодоци беа неверојатни и го чинат скапо Јувентус. Алекс Сандро беше стрелец за лидерот во Серија А, кој сега има четири бода предност пред главниот конкурент за титулата Наполи.

Наполитанците со 4:2 го победија Удинезе и го оживеаја сонот за титулата на пет кола до крајот на шампионатот. 

Одлична вече имаа и двата римски клубови, Рома и Лацио кои заедно со Интер водат драматична трка за две места во Лигата на шампионите. Рома со 2:1 ја победи Џенова, а Лацио на гости по многу возбудувања и пресврти ја победи Фиорентина со 4:3. Двете екипи имаат по 64 бодови, еден повеќе од Интер.

Вечерва со реми против Торино, Милан се прости од сонот за настап во ЛШ.

Резултати: Беневенто - Аталанта 0:3, Кротоне - Јувентус 1:1, Наполи - Удинезе 4:2, Рома - Џенова 2:1, Фиорентина - Лацио 3:4, Сампдорија - Болоња 1:0, Спал - Киево 0:0, Торино - Милан 1:1, Верона - Сасуоло 0:1. 

Најново во Меѓународен Фудбал