Станува драматично

Кулибали ја шокира „Старата дама“ - Наполи е само еден бод зад Јувентус во битка за Скудетото

Калиду Кулибали постигна победнички гол во вистинско време за Наполи, за триумф против Јувентус од 1:0, а сега битката за Скудетото станува драматична

објавено: 22 април 2018 - 22:43

Калиду Кулибали постигна победнички гол во вистинско време за Наполи, за триумф против Јувентус од 1:0, а сега битката за Скудетото станува драматична.

Во 90. минута Сенегалецот беше највисок и со удар со глава го матираше Џиџи Буфон, со што Наполи ја стопи предноста на лидерот Јувентус на само еден бод на четири кола до крајот на Серија А.

Домаќините во дербито забележаа и неславен рекорд, не упатија ниту еден удар на голот на Реина, а и гостите имаа малку шанси, но погодија кога најмногу им требаше.

До крајот на шампионатот Јувентус ќе игра со Интер, Болоња, Рома и Верона, а Наполи за противници ќе ги има Фиорентина, Торино, Сампдорија и Кротоне.

Најново во Меѓународен Фудбал