ОДГОВОРИЈА НА ПРЕДИЗВИКОТ И ЗАДАЧАТА КОЈА ИМ ЈА ДАДЕ РОМА

Лацио и Интер остануваат во трката

Вечерва ќе се знае дали ќе има трка за Скудетото, но јасно е дека онаа за двете места во Лигата на шампионите ќе биде отворена до самиот крај на Серија А.

објавено: 22 април 2018 - 17:09

На четири кола пред крајот, Рома, Интер и Лацио ја продолжуваат борбата за позициите број 3 и 4 во Серија А, оние кои водат во најелтиното европско натпреварување – Лигата на шампионите.

Римските клубови имаат ист број на бодови, оној од Милано едне помалку...
На вчерашната победа на Рома, „одговорија" и Лацио и Интер. Иако едвај, Интер го совлада Киево (2:1), додека пак полесно од очекувањата, Лацио даде четири гола во мрежата на Сампдорија.
Во наредното коло, Интер го дочекува Јувентус, Лацио гостува кај другиот тим од Торино, додека Рома има некако најлесна работа, игра против Киево.

РЕЗУЛТАТИ: Каљари – Болоња 0:0, Аталанта – Торино 2:1, Киево – Интер 1:2, Лацио – Сампдорија 4:0, Удинезе – Кротоне 1:2, Јувентус – Наполи (20.45)

Најново во Меѓународен Фудбал