Младиот фудбалер на Интер во проблеми

Лаутаро Мартинез прегазил велосипедистка (ФОТО)

Вчера во Милано, Мартинез со своето Порше удрил во велосипедистка кај плоштадот Буонароти.

објавено: 6 декември 2018 - 16:30

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, е под полициска истрага поради наводна сообраќајна несреќа во која со своето Порше прегазил велосипедистка. Како што објавија таблоидите, Мартинез вчера со својот автомобил удрил во 37-годишна жена која патувала со својот велосипед во Милано.

Повредената велосипедистка била префрлена во болница, додека Мартинез, наводно, поминал без повреди. 21-годишниот напаѓач кој има и два настапи за селекцијата на Аргентина, сега ќе мора да се појави пред судските органи. Жената, чие име не е познато војавноста, најавила тужба против фудбалерот. 

Најново во Меѓународен Фудбал