МАЛЕР ЗА ИТАЛИЈАНСКИОТ ТИМ

Лукас Биља ќе паузира месец дена

Новото засилување на Милан, Аргентинецот Лукас Биља е во аут барем еден месец поради повреда на бутниот мускул

објавено: 11 август 2017 - 19:45

Милан во петокот објави кратко соопштение потврдувајќи ја повредата на левиот бутен мускул и додаде дека времето за опоравување е „околу четири недели“.

Аргентинскиот играч од средниот ред дојде од Лацио минатиот месец за 17 милиони евра за договор до 2020 година. Милан ја почнува домашната сезона на 20 август на гости кај Кротоне.

Најново во Меѓународен Фудбал