ЛЕГЕНДАТА НА МИЛАН НАЈАВУВА ПРОМЕНИ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ФУДБАЛ

Малдини: Јувентус ќе ужива само уште една година

Некогашниот капитен на „росонерите“ е задоволен од тоа како пазареше во летниот преоден рок тимот од „Сан Сиро“

објавено: 25 јули 2017 - 11:23

Некогашниот капитен на Милан, Паоло Малдини вели дека полека но сигурно се ближи крајот на доминацијата на Јувентус, во италијанскиот фудбал. „Старата дама“ од Торино веќе шест сезони по ред го крева трофејот во Серија А, без да има некоја посериозна конкуренција. 

Летово, екипата на Милан најавува дека ќе се врати на старите победнички патеки. „Росонерите“ се најактивни на пазарот. Доведоа повеќе играчи, а главна ѕвезда е Леонардо Бонучи. Дефанзивецот дојде токму од редовите на Јувентус и тоа за сума од 40 милиони евра. 

„Дефинитивно доаѓањето на Бонучи е одлична инвестиција. Не знам што се случи, ама убаво е да се види таков играч во дресот на Милан. Со него во тимот, сигурно ќе бидеме голем противник на Јувентус. Можеби оваа година е уште рано да се бориме за скудетото, но Милан сигурно може да се избори за место во Лигата на шампионите“, рече Малдини, кој ја посети екипата на подготовите во Бостон.

Последен пат Милан играше во Лигата на шампионите во сезоната 2013/14

Најново во Меѓународен Фудбал