КИНЕЗИТЕ ФИНИШИРААТ СО СТИЛ

МАМА - МИА КАКОВ МИЛАН: Обамејанг!!!

„Росонерите" се подготвуваат за најскапото засилување во историјата, и моментално во Серија А.

објавено: 8 јули 2017 - 15:00

Апенините, Италија, горат...

Сите медиуми пишуваат за една работа, Милан тргна по потписот на Пјер-Емерик Обамејанг!
Иако доаѓањето на Габонецот звучи помалку и нереално, во практика тоа изгледа возможно.
Новите кинески сопственици во Милан одредија екстра буџет за засилување од топ-класа од типот на Обамејанг.
Значи, покрај потрошените 150 и плус милиони евра за досегашните засилувања, „миланезите" имаат пари и за Обамејанг.


Милан е подтотвен да и плати на Борусија неверојатни 80.милиони евра за отштета!
Веројатно сосема доволни за челниците на тимот од Дортмунд, со оглед на тоа дека дека и тие се помирија со одлуката на одличниот напаѓач да си отиде од Германија.
Директорскиот тандем на Милан, Фасоне-Мирабели веќе со месеци е во контакт со Обамејанг, и внимателно го спремаат трансферот, секако во договор со менаџерот на Пјер-Емерик, неговиот татко.


Сепак се чини дека најголем проблем за реализација на трансферот ќе биде платата. Милан е подтотвен максинално да му даде осум милиони евра, што е некој италијански „плафон", ако се земе в предвид дека, на пример, Дибала и Игуаин, двоецот од Јувентус се на цифра од 7.5 милиони евра.
Досега, Обамејанг заработуваше 12.милиони евра годишно, па се поставува прашањето дали би прифатил за една третина помала плата, за да ги реализира своите спортски замисли.

Најново во Меѓународен Фудбал