Италијанците повторно натурализираат

Манчини бара Алан од Наполи да добие италијански пасош

На барање на селекторот на Италија, Роберто Манчини, Бразилецот од екипата на Наполи наскоро ќе добие италијански пасош.

објавено: 7 октомври 2018 - 10:00

Фудбалерот на Наполи, Алан Маркес, може да биде уште еден од фудбалерите кои настапуваат во Серија А лигата, а кој наскоро може да го облече дресот на националниот тим на Италија. веста ја потврди и актуелниот селекторот на "азурите" Роберто Манчини кој посакал Бразилецот да добие италијански пасош, за да може да земе учество на средбите од турнирот на Лигата на нациите на УЕФА.

Алан игра во Италија од 2012 година, кога дојде во екипата на Удинезе. Во летото 2015-тата Бразилецот премина во екипата на Наполи за 11,5 милиони евра.

И покрај тоа што тој има одиграно 5 натпревари за националниот тим на Бразил до 20 години, играчот од средниот ред никогаш не добил покана од сениорскиот тим на „кариоките".

Најново во Меѓународен Фудбал