ПОРТУГАЛСКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ИТАЛИЈАНСКИОТ ТИМ

Милан го потврди Андре Силва

Милан објавија дека го обезбедиле потписот на напаѓачот на Порто, Андре Силва за првични 33 милиони фунти

објавено: 12 јуни 2017 - 20:00

21-годишниот Португалец веќе го помина медицинскиот тест со Милан во понеделникот, пред да стави потпис на договорот. Сумата која Милан ја плати за напаѓачот кој постигна 21 гола за Порто минатата сезона, може да дојде до 40 милиони евра, објави португалскиот клуб.

„Порто му посакува среќа на Андре Силва и многу успех на професионално и на спортско ниво, без да заборави што се даде за нашиот тим“, се вели во соопштението на Порто.

Силва е четврто засилување за Милан ова лето со што со новите кинески сопственици продолжува „ремонтот“ на тимот на Винченцо Монтела. „Росонерите“, кои завршија шести во Серија А, веќе ги донесоа дефанзивците Рикардо Родригез и Матео Мусакио, како и играчот од средниот ред Френк Кеси.

Најново во Меѓународен Фудбал