ИТАЛИЈАНЦИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ИГРАЧ ВО ТАБОРОТ НА „РОСОНЕРИТЕ“

Милан го засилува средниот ред

објавено: 19 август 2014 - 19:50

Седумкратниот шампион на Европа, Милан до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го засили средниот ред. По неуспешната авантура во САД „црвеното светло“ во Милан трепка. Клубот сака да биде конкурентен за излез во Европа во новата сезона во Серија А, а за тоа се потребни нови засилувања.

По доаѓањето на неколкумина нови фудбалери италијанските медиуми велат дека наредна трансфер-мета на Инзаги ќе биде играчот од средниот ред на Наполи, Блерим Џемаили. Фудбалерот кој има 28 години и е роден во Тетово не добива голема минутажа кај Бенитез, па така доколку си замине од „Сан Паоло“ и потпише за „росонерите“ сигурно ќе има редовен првотимски статус гледајќи на фактот дека неколкумина фудбалери од средниот ред на Милан кои беа главни играчи - си заминаа.

Доколку потпише за Милан, за Џемаили тоа ќе биде четврта авантура во Италија. Претходно, покрај за Наполи на Апенините искусниот фудбалер настапуваше за Парма и Торино, а во останатите држави има играно за Цирих и Болтон.

Најново во Меѓународен Фудбал