Реми во дербито

Милан не може да победи, Фиорентина не знае за пораз

Фиорентина и Милан ремизираа, 1:1 во дербито на 19. коло во Серија А

 

објавено: 30 декември 2017 - 14:33

Фиорентина и Милан ремизираа, 1:1 во дербито на 19. коло во Серија А. Предпразничната програма во Калчото денеска почна во Фиренца, а со голови во второто полувреме, двете екипи ги поделија бодовите.

Симеоне со погодок во 71. минута им донесе радост на домаќините кои се во долга серија од 7 меча без пораз во италијанското првенство.

Комплетниот плен сепак не сотана во Фиренца, а за тоа се погрижи Чалханоглу, кој израмни во 77. минута и му донесе еден бод на Милан.

Моментно двете екипи се една до друга на табелата, а Фиорентина е осма со 27 бода, додека Милан е зад нив со 25.

Најново во Меѓународен Фудбал