„РОСОНЕРИТЕ“ САКАТ ДА НАПРАВАТ ТИМ ЗА ТИТУЛА ВО ИТАЛИЈА

Милан не сопира, го купува и Мората од Реал

Екипата од „Сан Сиро“ досега потроши 200 милиони евра за нови играчи

објавено: 17 јули 2017 - 09:20

Милан е на чекор од доведување на Алваро Мората на „Сан Сиро“. Според најавите од италијанските медиуми, „росонерите“ се во голема офанзива за купување на шпанскиот репрезентативец.

Се верува дека италијанскиот калчолигаш е подготовен да плати 70 милиони евра оштета на Реал Мадрид, додека играчот би добивал годишна плата од 10 милиони евра. Челниците на Милан потврдија дека се во потрага по еден квалитетен напаѓач, а освен Мората како опции се и Андреа Белоти и Пјер-Емерик Обамејанг. 

Мората е играчот кој е во центарот на неколку европски екипи. Тој имаше одлична сезона во Реал, но и покрај тоа, најверојатно ќе си замине од „кралскиот клуб“, бидејќи нема стандардно место во стартниот состав.

Милан летово реши да создаде тим кој ќе биде конкурентен во трката за титулата во италијанската Серија А. Досега беа потрошени 200 милиони евра и тоа за доведување на Леонардо Бонучи, Лукас Билја, Франк Кеси, Андреа Конти, Матео Мусакио, Рикардо Родригез и Хакан Чалханоглу.

Најново во Меѓународен Фудбал