НА „САН СИРО“ ПРИСТИГНУВААТ ТРИ ЗАСИЛУВАЊА

Милан се враќа на старите патеки

Новите сопственици решија да превземат нешто што ќе го „оживее“ гигантот од Милано

објавено: 18 мај 2017 - 10:27

По повеќе од 30 години, Милан пред еден месец го смени газдата. На местото на Силвио Берлускони, на „Сан Сиро“ дојде една голема кинеска компанија, моќна со многу пари. При договарањето на продажбата на клубот, Берлускони бараше, новите газди да го вратат Милан на победничките патеки. 

Милан веќе има еден млад, стандарден тим, но потребно е да се донесат уште неколку играчи. Во пресрет на летниот преоден рок, веќе се договорени три засилувања. Тоа се стоперот Матео Мусакио од Вилјареал, кој доаѓа за сума од 18 милиони евра, потоа Франк Кеси кој е играч за врска во тимот на Аталанта, а неговата вредност е 28 милиони евра. Трет е Рикардо Родригез од Волфсбург. Левиот бек чини 15 милиони евра. 

Доколку ова се реализира, Милан веќе има спремно за трошење 60 милиони евра за нови играчи. „Росонерите“ се надеваат дека во летниот преоден рок ќе доведат и едно големо познато фудбалско име, но засега не се знае кои се во опција за доаѓање на „Сан Сиро“.

Најново во Меѓународен Фудбал