ВТОРА ПОБЕДА НА МИЛАНЕЗИТЕ НАД ЈУВЕНТУС

Милан со Суперкупот на Италија!

Милан го совлада Јувентус на пенали за да го освои италијанскиот куп на 3.500 километри надвор од Италија, на стадионот „Џасим бин Хамад" во Доха, Катар

објавено: 23 декември 2016 - 20:29

Јувентус дојде до водство преку голот на Џорџо Киелини постигнат по нафрлување од корнер во 18. минута, пред Џакомо Бонавентура со удар со глава да израмни за тимот на Винченцо Монтела по 38. минути игра. Откако во редовните 90 минути и во дополнителните две продолженија од по 15 минути немаше гол, победникот се одлучуваше во пенал-серијата.

Џанука Лападула го утна првиот пенал за Милан, но потоа голови за Јувентус не постигнаа Марио Манџукиќ и Пауло Дибала, за прв голем трофеј за Милан од 2011 година, кога исто така триумфираа во Суперкупот.


ЈУВЕНТУС - МИЛАН 1:1, 3:4 на пенали

Киелини 18’ - Бонавентура 38’

Пенал серија:

Маркизио 1 - Лападула 0

Манџукиќ 1 - Бонавентура 1

Игуаин 2 - Куцка 2

Кедира 3 - Сусо 3

Дибала 3 - Пашалиќ 4

Најново во Меѓународен Фудбал