Директорот на Интер ги признава проблемите

„Можеме да го купиме Роналдо, но, екипата е поделена во кланови“

„Новите сопственици од Кина можат да си дозволат да го купат Роналдо и најдобрите играчи во светот, но, тоа не е изводливо. Интер нема заеднички дух, играчите тренираат напорно, но, не успеаја да создадат јака изјави Аузилио

објавено: 19 мај 2017 - 15:50

Интер се наоѓа во голема резултатска криза, која според некои италијански медиуми е намерно создадена, само за да не игра во квалификациите во Лигата на Европа. Италијанскиот великан на почетокот на минатата година доби нови, кинески споственици од кои се очекуваат големи вложувања.

Миланскиот тим изминативе две сезони потроши 150 милиони евра на засилувања но, резултатите се далеку под очекувањата.

„Ја започнавме сезоната со голем ентузијазам, со тренер кој ги мина подготовките а потоа недела дена пред почетокот на првенството го сменивме и доведовме стратег кој не знае ништо за италијанскиот фудбал. Моравме да почнеме од почеток, со планот на тренингот и со запознавање на екипата. Сите тие кои што збореа дека сега имаме слаб тим, на почетокот на сезоната велеа дека сме најголема закана за Јувентус. Не е вистина дека овие момци не тренираат напорно секој ден, но, тука нема заеднички дух. Не успеаја да создадат силна група, екипата е поделена во неколку помали групи во кои многу мислат само на себе.
Во денешно време не е возможно да се потроши 200 или 300 милиони евра во преоден рок. Новите сопственици од Кина можат да си дозволат да го купат Кристијано Роналдо и сите останати фудбалери од врвна класа, но, тоа не е изводливо бидејќи имаме фер-плеј правилои мораме да го почитуваме. Нашите приходи се некаде околу 200 и 230 милиони еврам додека тие на Јувентус се 400. Се обидовме да го донесеме Дибала, но, понудата на Јуве беше за 20 милиони евра подобра. Мораме да се соочиме со реалноста на пазарот бидејќи Симеоне во Атлетико Мадрид, Конте во Челзи и Покетино во Тотенхем имаат јаки договори со своите клубови" се зборовите на спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио.

Најново во Меѓународен Фудбал