КАКО ИТАЛИЈАНСКИОТ ТИМ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕЛАТА КОМБИНАЦИЈА

Најголем губитник од трансферот на Нејмар ќе биде Интер?

Барселона ќе сака веднаш да го доведе Анхел ди Марија од ПСЖ, иако Аргнтинецот е на листата на желби на „нераѕурите“

објавено: 29 јули 2017 - 12:30

Не се само Барселона и Пари Сен Жермен засегнати страни од евентуалниот трансфер на Нејмар во францускиот тим. Доколку Бразилецот реши да се пресели од „Камп Ноу“, во Париз, ќе се случат и други претумбации на светскиот пазар за фудбалери. 

Повеќе комбинации се во игра, но се зависи дали ќе се реализира заминувањето на Нејмар. ПСЖ е подоготвен да плати 222 милиони евра, што е повеќе од двојно, од сегашниот светски рекорд за трансфер на еден играч. Пол Погба од Јувентус за 105 милиони евра замина во Манчестер јунајтед.

Најновите шпекулации се дека во трансферот на Нејмар во ПСЖ ќе биде вклучен и Анхел ди Марија. Ѕвездата на ПСЖ би заминал во Барселона, а останатите пари ќе бидат доплатени. Со заминувањето на Ди Марија, ПСЖ ќе заштеди прилично голема сума пари, која нема да мора да ја плати како данок во Франција.

Од евентуалниот ваков расплет, најмногу би загубил италијанскиот Интер. Италијанскиот калчолигаш е загреан за доведување на Ди Марија на „Џузепе Меаца“. Сепак Интер мора да чека да види каков ќе биде расплетот околу трансферот на Нејмар, па дури потоа да се надева дека има шанси да го доведе аргентинскиот репрезентативец во Милано.

Најново во Меѓународен Фудбал