СЕРИЈА А: МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОСТАНА БЕЗ НАСТАП

Наместо да биде на теренот, Пандев од клупата ја гледаше Џенова (ВИДЕО)

Иако во претходните два меча стрелаше по еднаш во победите над Киево и Фросиноне, денеска во седмото коло нашиот интернационалец не доби настап од тренерот Балардини и од клупата го гледаше поразот на Џенова од Парма со 1:3.

објавено: 7 октомври 2018 - 14:40

Водеа домаќините уште од шестата минута со погодокот на Пјатек, веднаш потоа следуваше пресврт на гостите што значеше победа. 

Ригони, Слигарди и Чераволо ги израдуваа своите фанови за вкупно четврти триумф, а Џенова го претрпе третиот пораз сезонава за моментно 10. место со 12 бодови.

Во следното коло на 20. октомври Џенова во италијанската Серија А ќе му гостува на шампионот Јувентус на Кристијано Роналдо.

Сега Горан Пандев им се врти на репрезентативните обврски наредниот период и следните два меча на Македонија во УЕФА Лигата на нации против Лихтенштајн и Ерменија. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал