БОДОВНАТА РАЗЛИКА ВЕЌЕ Е ГОЛЕМА

Наполи пак киксна, Јуве веќе слави титула

Фудбалерите на Наполи направија уште еден кикс па шансите да се довлечкаат до шампионскиот трофеј си ги сведе на теорија

објавено: 6 мај 2018 - 18:22

Јувентус ја совлада Болоња со 3:1 во 36 коло, а Наполи предмалку одигра 2:2 против Торино на „Сан Паоло" па така бранителот на титулата му избега на конкурентот од југот на шест бодови на две кола до крајот.
Наполи водеше со 2:1 против Торино, а во 83 минута прими гол од Лоренцо ди Силвестри и освои само бод.
Па така Јувентус на две кола пред крајот има 91 бод на чело на табелата во Серија А, а Наполи шест помалку. „Старата дама" може да ја изгуби титулата само во случај да биде поразена во последните два меча, а Наполи да ги добие двата што е практично невозможно.
Јуве игра против Рома (гости) и Верона (дома), а Наполи против Сампдорија (гости) и Кротоне (дома).

Најново во Меѓународен Фудбал