РИМ НЕ СЕ ОСВОЈУВА ТАКА ЛЕСНО

НЕ ОДИ ЛЕСНО БЕЗ ПАНДЕВ: Џенова застана пред Лацио

Како што беше најавено, Горан Пандев не се појави на теренот на „Олимпико" во дуелот против неговиот некогашен клуб, а тоа се „почувствува" на резултатот (1:4).

објавено: 23 септември 2018 - 17:03

Горан Пандев не заигра за Џенова на гостувањето во Рим кај еден од неговите омилени клубови на „чизмата", Лацио.

Капитенот на нашиот национален тим беше со екипата , но не се појави на теренот на „Олимпико". Без него , Џенова загуби убедливо, со резутат (1:4).
Саиседо гоотвори резултатот уште по седум минути од играта, а во 23. пак на (2:0) зголеми Имобиле.
Искра на надеж за гостите од Џенова донесе Пјатек, уште во првата акција во второто полувреме.
Но за кратко, затоа што во 53 минути Милинковиќ-Савиќ ги тргна дилемите околу победникот на овој меч. Пред истекот на 90.минута, својот втор гол на оваа средба го реализираше Имобиле, за конечни (4:1).
Лацио победи, но Рома загуби. Градскиот ривал беше непријатно изненаден во Болоња која славеше со сигурни (2:0). Матиело погоди во 36, а Сантандер во 59.минута од играта на дуелот во Болоња.
Истиот резултат, со головите на Де Пол (76) и Ласања (90 минута), го направи екипата на Удинезе но на гостински терен во Верона, против Киево.
Претходно, победа на гости однесе и Наполи, кој без проблеми, со (3:1) го совлада Торино, и најави многу подобра форма во наредните денови.
Вечерва, од 18.часот, ќе играат Милан и Аталанта, а од 20.30 часот, Фросиноне го пречекува лидерот и шампионот на Италија, Јувентус.
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО: Торино – Наполи (1:3), Болоња – Рома 2:0, Киево – Удинезе (0:2), ЛАцио – Џенова (4:1), 18.00: Милан – Аталанта, 20:30: Фросиноне - Јувентус

Најново во Меѓународен Фудбал