И ОФИЦИЈАЛНО ОД МИЛАН:

Нема цена за која ќе го продадеме Донарума

„Му нудевме 50.милиони евра и капитенска лента" – велат од редовите на „росо-нерите"

објавено: 17 јуни 2017 - 14:40

Џиџи Донарума и неговата ситуација во Милан, се чини дека повторно ја дигнаа фудбалска Италија на нозе.

Младиот голман одби да го продолжи договорот со „миланезите", што очекувано, внесе огромни изливи на бес, на лутина кај раководството на трофејниот клуб.
Со оглед на тоа дека има уште една година од договорот се поставува(ше) прашањето што ќе прави Милан во овој случај.
И изгледа дека се спремни на ризик, да го загубат наредното лето, и да не добијат ниту едно евро како отштета. Но и во следната сезона да го испратат талентираниот голман на трибините, како негативен пример за сите оние кои го предале клубот.

„Официјалниот став на клубот е дека играчот не е на продажба. И дека нема да прифатиме било каква понуда за него. За нас Донарума е непроценлив и затоа нема цена" – рече генералниот директор на Милан, Марко Фасоне.

Јуве бара замена за Буфон, токму од наредната сезона, и тука шампионот некако ја чека својата шанса иако пред извесно време Донарума не кажа ништо добро за „Старата дама".


Во исто време спортскиот директор Масимилијано Мирабели, признава дека оваа одлука на Донарума ги потресла сите во клубот.

„Сакавме на навивачите да им го подариме новиот симбол на Милан, и 'Џиџо' ги имаше сите предуслови да биде тој. Со оглед на неговите години, нашата понуда беше енормна. Нудевме 25.милиони нето за пет години, што на бруто ниво клубот го чини 50.милиони евра. Му нудевме и капитенска лента... Сето ова човечки не погоди многу. Затоа што немаше преговори, ниту пак тие сакаа да ги има. Но секој си ја бира својата судбина. Марота рекол дека се заинтересирани? Би ме зачудило да рекол нешто спротивно"- истакна Мирабели.

Тој дури стигна да се пошегува и за, околу можноста Донарума да премине во Реал Мадрид.
„Ако Кристијано Роналдо сака да го напушти Реал, а Донарума сака во Реал, тогаш сме подготвени да разговараме".

Најново во Меѓународен Фудбал