КУП НА ИТАЛИЈА - ОСМИНАФИНАЛЕ

Нема попуст ниту за Пипо, Јуве лесно преку Болоња (ВИДЕО)

Во првиот дел погоди Бернардески, во вториот и Кин, доволно за „црно-белите" да слават победа од (2:0)...

објавено: 12 јануари 2019 - 22:41

Фудбалерите на Јувентус рутинерски одработија уште една работна задача во оваа сезона. Онаа во осминафиналето од Купот на Италија. „Црно-белите" беа гости во Болоња, каде славеа сигурен и убедлив триумф од (2:0).
Комбинираниот состав од Торино, поведе уште во деветата минута кога погоди Бернардески. Односно искористи една катастрофална грешка на одбраната на Болоња.

Сите дилеми околу победникот пак ги симна младиот Кин, со голот во 49.минута од играта на стадионот „Ренато Дел Ара".

Интересно е дека тренерот Макс Алегри го смени Кин во 62.минута од игра, а го внесе Кристијано Роналдо, веројатно за да види дали е максимално подготвен за она што следува во Супер Купот на Италија и дуелот со Милан.

Нешто порано, токму Милан излезе како победник во дуелот со Сампдорија. Макар и во продолженијата, славеше со (2:0), со двата гола на Кутроне во 102 и во 108 минута.

Далеку поубедлив беше Лацио кој ја совлада Новара со (4:1). 

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал