АЛЕГРИ ПРИЗНАВА, ЈУВЕ ОДИ СО ПОГОЛЕМИ АМБИЦИИ ВО ЕВРО-ЕЛИТА

Нема веќе криење зад Скудетото, атак на титулата во шампионската лига!

"Клубот го подобри тимот во текот на летото, но мораме да играме добро и да победуваме, инаку нема ништо од тоа" – вели предводникот од клупата на „црно-белите".

објавено: 14 август 2018 - 09:30

Досега некако успешно, во свој стил, го прикриваше она оптоварување кое постои, она „морање" кое го има кај големите клубови. Но сега веќе нема криење, Лигата на Шампионите е основниот приоритет на Јувентус.

За тоа е свесен и Масимилијано Алегри, кој оваа сезона пред себе ќе има далеку поголеми предизвици од било кога. Но и фактот дека со години наназад немал така добра екипа на располагање.

„На хартија тимот е важен, но пред се, важно е она што се случува на теренот. Клубот го подобри тимот во текот на летото, но ние мораме да играме добро и да победуваме. Инаку нема ништо од тоа. Амбициите се поголеми во однос на претходните, кога е во прашање освојувањето на трофеите, затоа што тоа го вклучува и оној во Лигата на шампионите. Овие момци го сфатија тоа сериозно, тоа е работа на интелигенција и на менталитет"- рече Алегри по промоцијата на тимот пред нивните навивачи, оној традиционален во Вилар Пероса, родното место на Ањели.

Со направеното во преодниот рок, управата на „Старата дама" јасно покажа што сака во оваа сезона.

„Природно е дека по доаѓањето на играчи како Роналдо, Емре Џан, Бонучи, Спинацола, да постои возбудување и сништа. Но мораме да го вкомпонираме квалитетот со нашите тимски перформанси на теренот. Секако, имаме поголема амбиција да ја освоиме Лигата на Шампионите во однос на претходните години, исто така како што сакаме да го освоиме Скудетото, Купот на Италија и Супер купот"- вели Алегри.

Се чини дека оваа сезона а и другите, се ќе се врти околу Кристијано Роналдо, чие доаѓање во клубот од Торино предизвика тектонски пореметувања на „Чизмата".

„Пред се, Роналдо носи искуство на меѓународно ниво и дојде како дополнителна мотивација за младите да достигнат некое повисоко ниво. Не добивате пет Златни топки за бадијала. Зад сето тоа стои голема работа. Исто така, ние мораме многу да работиме и ова е за прв пат навистина да имаме еден комплетен тим"- појаснува „Макс".

Полемиката во Торино ја предизвика и враќањето на Леонардо Бонучи после едногодишниот престој во Милано.
„Лео е важен играч со големо искуство. Тој само го зголемува нивото и квалитетот на играта во одбраната" – заклучува Алегри.

Најново во Меѓународен Фудбал