ЕДНО Е БОРБА ЗА ОПСТАНОК, ДРУГА ЗА ТИТУЛАТА

Никој друг како Спал: Јуве застана каде што не се надеваше

Во вториот меч од 29. коло, малиот Спал го сопре големиот Јувентус. Не му даде да си ги земе трите планирани бода по кои шампионот дојде на стадионот „Паоло Маза" во Ферара, (0:0).

објавено: 17 март 2018 - 22:42

Серија А сепак ќе биде интересна во последните десетина кола. За да биде шампионатот во Италија поинтересен се погрижи никој туку најдобриот клуб во последните шест-седум години – Јувентус.
Во вториот меч од 29. коло, малиро Спал го сопре големиот Јувентус. Не му даде да си ги земе трите планирани бода по кои шампионот дојде на стадионот „Паоло Маза" во Ферара.
Наместо три, „црно-белите" земаа само еден, сега имаат 75. Бода, пет повеќе ов однос на пратителот Наполи, кој утре навечер од 20.45 часот, ќе има шанса во дуелот со Џенова на нашиот Горан Пандев.
Масимилијано Алгери проба да го направи тоа со комбиниран тим. Во вториот дел во игра ги стави и Манџукиќ, Бентанкур, па и Барзаљи.
Но без краен ефект, Јувентус загуби два бода на местото каде планираше „полн погодок".
Секоја чест за Спал, екипа која се избори за еден огроне, вредне како три, со која макар за момент побегна од зноата на испаѓање. Имаат 25. Бода еден повеќе во однос на Кротоен, три од Верона, додека дел од Серија Б одамна е Беневенто.

Најново во Меѓународен Фудбал