НОВА ПОБЕДА НА БЕПЕ МАРОТА

ПСЖ го пушта Матуиди во Јувентус

„Светците" го осигураа доаѓањето на Фабињо и дадоа „зелено светло" за трансфер на искусниот играч за врска...

објавено: 12 август 2017 - 14:55

Потрагата на Јувентус за уште еден играч за врска во последната линија од тимот е по се изгледа завршена!
Утринава францускиот „Лекип" јави дека ПСЖ и дефинитивно го договорил доаѓањето на Фабињо од Монако, а тоа начи само едно – Блез Матуиди може да тргне на пат за Торино.
Нешто подоцна, и РАИ спорт објави дека Бепе Марота одлучил, и дека помеѓу Емре Џан, Стивен Нзонзи и Блез Матуиди, го избрал искусниот репрезентативец на Франција.


Матуиди ќе го чини Јувентус околу 20 до 25. Милиони евра, а ќе потпише тригодишен договор вреден 12.милиони евра, или по четири милиони за сезона.
За потсетување, клубот од Париз го плати Матуиди само осум милиони евра при трансферот од Сент Етјен.
Матуиди ќе биде деветтото заслување за „старата дама" во текот на овој преоден рок. Покрај Квадрадо и Бенатија кои се откупени од Челзи односно Баерн, ова лето во Торино дојоа и Бернардески, Шчесни, Де Шиљо, Бентанкур, Даклас Коста и Дел Фобро.

 

Најново во Меѓународен Фудбал