СЛУЧАЈОТ, СЕПАК, НЕ Е ЗАТВОРЕН...

РАЈОЛА ПОВТОРНО „ЈА МАТИ ВОДАТА": Донарума треба да си замине од Милан

Контроверзниот менаџер смета дека „Џиџо" треба да ја смени играчката средина...

објавено: 1 март 2018 - 22:40

Џанлуиџи Донарума уште еднаш, Мино Рајола, исто така, се во центарот на вниманието на „чизмата"...

И одново на истата тема, трансфер на суперталентираниот голман надвор од границите на Апенините.
Долго време се зборува за 19. годишниот чувар на мрежата на Милан. Беше поврзуван со скоро сите големи клубови на Стариот контiнент. Но неговиот ментор или менаџер сеедно, реши летоска да ја испочитува неговата одлука, иако беше доста тешка – да остане на „Сан Сиро".

„Џиџо направи избор да остане во Милано, и јас го почитувам тоа. Ако би ми побарал да си оди, веднаш би се фрлил на работа, зашто што постои важен интерес. По мое мислење, тој би требало да го напушти Милан" - рече Рајола во интервјуто за РАИ.

И на тој начин повторно почна „да ја мати водата", но и да ги заладува и онака „тенките релации" кои ги има со раководството на „миланезите".
Донарума дебитираше за „росонерите" со само 16. години, а веќе има 100 настапи за првиот тим на италијанскиот гигант.
Сепак, постои шанса ова лето да биде трансфериран на друго место, ги има многу, Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, незаобиколниот Јувентус...

Најново во Меѓународен Фудбал