Скромна претстава во главниот град на Италија

Реми без голови во дербито на Рим, Лацио и Рома ја прекинаа долгата серија

Лацио и Рома одиграа римско дерби без голови во трката за директен пласман во Лигата на шампионите и ја прекинаа долгата серија без реми во меѓусебните дуели

објавено: 15 април 2018 - 22:40

Лацио и Рома одиграа римско дерби без голови во трката за директен пласман во Лигата на шампионите и ја прекинаа долгата серија без реми во меѓусебните дуели.

По осум меча по ред во кои една од двете екипи победуваше, вечерва беше тивко на „Олимпико“ и без ниту еден погодок.

Рома имаше одлична шанса да победи, откако лацијалите во финишот останаа со играч помалку по исклучувањето на Раду. Сепак условно гостите не најдоа рецепт да ја отворат портата на големиот ривал и сега двете екипи се на делба на третата позиција со по 61 бод, еден повеќе од Интер. Тие три екипи бијат битка за две места кои гарантираат настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Најново во Меѓународен Фудбал