ПОСЛЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ОБВРСКИ, СЕ ВРАЌАМЕ КОН СЕРИЈА А

Роналдо, Икарди, Игуаин: Ајде, време е за „будење“..!

Италијанските медиуми ги повикаа топ играчите да се „разбудат" и почнат да ги тресат противничките мрежи.

објавено: 14 септември 2018 - 08:30

Се пишува и за една демонстрација на верноста на навивачите на Интер каква што не се гледа често на Апенините. Стадионот „Џузепе Меаца" е распродаден и за мечот со Парма и против Тотенхем.

Де Фрај во интервјуто за „Кориере" вели дека „не го издаде Лацио" во последниот дуел минатата сезона и дека Мбапе е подобар фудбалер од Роналдо.

-„БУДЕЊЕ, КОЈ ТРЕСЕ МРЕЖИ"?-

Ова е едно провокативно прашање од страна на „Газета" на насловната страница пред продолжението од најквалитетното италијанско првенство.

Тројцата најплатени голгетери во Серија А, Кристијано Роналдо, Мауро Икарди и Гонзало Игуаин, сеуште не постигнале гол оваа сезона.

„Три кола, нула голови. „Вонземјанот" на Јувентус и асовите на Интер и Милан мораат да го пробијат ледот. Голема бура предизвикува нивната неактивност кога се во прашање головите", пренесува „Газета".

Серија А (4. коло), сабота
15:00 ч. Интер-Парма
18:00 ч. Наполи-Фиорентина
20:30 ч. Фросиноне-Сампдорија
Недела:
12:30 ч. Рома-Киево
15:00 ч. Џенова-Болоња, Јувентус-Сасуоло, Удинезе-Торино
18:00 ч. Емполи-Лацио
20:30 ч. Каљари-Милан
Понеделник (20:30 ч.) Спал-Аталанта

Серија А, табела после 3. кола:
1. Јувентус 9 бодови
2. Сасуоло 7
3. Фиорентина 6
4. Спал 6
5. Наполи 6
--

Топ стрелци:
1. Бенаси М. (Фиорентина) 3 голови
2. Пјатек К. (Џенова) 3
3. Берарди (Сасуоло) 2
4. Боатенг К. (Сасуоло) 2
5. Де Пол (Удинезе) 2
--

Најново во Меѓународен Фудбал