Португалецот со напад кон Перез и УЕФА

Роналдо ја бојкотира Лигата на Нации и отвори војна со УЕФА!

објавено: 10 октомври 2018 - 19:00

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери тврди дека португалскиот напаѓач од екипата на Јувентус, Кристијано Роналдо, одлучил да ја бојкотира Лигата на нациите на УЕФА, бидејќи се сомнева во заговор меѓу УЕФА и Реал Мадрид насочен кон него.

Според новинарот, Роналдо верува дека претседателот на Реал, Флорентино Перез, го „тероризира“ во медиумите со аферата за наводно силување на Американка во 2009 година, поради неговото заминување од Мадрид. Португалецот е убеден дека Перез влијаел и на УЕФА во изборот на најдобриот играч на сезоната 2017/18, лишувајќи го од оваа награда, која му ја доделија на Лука Модриќ.

Роналдо одлучи да не игра натпревари во Лига на нации на УЕФА.

Најново во Меѓународен Фудбал