ПОРТУГАЛЕЦОТ ИМА ПОВАЖНА ЗАДАЧА

Роналдо одбил да игра против Италија

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо нема да биде во составот на Португалија за дуелот против Италија закажан за 10 септември. 

објавено: 29 август 2018 - 14:30

Некогашната ѕвезда на Реал Мадрид и сегашен член на Јувентус, не само што одбил да игра против Италија, тој нема да настапи ниту против Хрватска во мечевите од Лигата на Нации. 

Португалија ја пречекува Италија на 10 септември во Лисабон, Роналдо ќе остане во Торино каде ќе тренира со Јувентус. По завршување на недела која е резервирана за репрезентациите, „Старата дама“ ќе го одигра првиот меч во рамките на Лигата на шампиони, па ѕвездата на италијанскиот тим сака да биде максимално подготвен.

Со неговото доаѓање во Торино, се врати вербата дека Јувентус по 22 години ќе успее да ја освои титулата во елитното натпреварување.

 

Најново во Меѓународен Фудбал