ГОЛЕМИТЕ ЕВРОПСКИ КЛУБОВИ ВО „НАПАД“ НА ГОЛМАНОТ

„Росонерите“ не може да го задржат Донарума

Милан мака мачи за да му го продолжи договорот на чуварот на мрежата

објавено: 25 април 2017 - 13:40

Италијанскиот калчолигаш Милан имаат голема мака, како да го задржат голманот Џанлуиџи Донарума на „Сан Сиро“. Агентот Мино Раиола вели дека нема потреба да брза, околу одлуката дали Донарума ќе остане кај „росонерите“, или ќе го менува тимот. 

Актуелниот договор на Донарума со Милан е до јуни 2018 година, а новата понуда е да остане верен до 2022 година. Според новиот договор, чуварот на мрежата ќе добива по 3,2 милиони евра по сезона, плус бонусите. 

Иако се работи за добар договор, менаџерот Раиола чека, бидејќи, европските гиганти Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Сити сакаат да го видат во своите редови. Доколку биде решено Донарума летово да си замине од „Сан Сиро“, Милан може да добие оштета од 50 милиони евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал