ЈУВЕНТУС НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ СЕРИОЗНА КОНКУРЕНЦИЈА

„Росонерите" се враќаат во елитата: Новите газди вложуваат над една милијарда евра во Милан

Новите сопственици на Милан кои деновиве треба официјално да го преземат клубот, планираат да вложат меѓу една и 1,2 милијарди евра за враќање на тимот во европската фудбалска елита.

објавено: 28 април 2016 - 13:20

Од оваа сума, меѓу и 700 и 800 милиони се планирани за откуп на 70% од акциите на Силвио Берлускони, а меѓу 300 и 400 милиони за обнова на тимот и сите придружни елементи. Можеби претстојната сезона новото раководство нема да успее да ги оствари своите планови, но во блиска иднина Милан сигурно повторно ќе биде меѓу најдобрите во Италија.

Милан нема ниеден трофеј од 2011 година кога последен пат триумфираше во Серија А, а шанса да ја прекине таа "црна дупка" има идниот месец во финалето од Купот на Италија. Инаку, иако важи за еден од најславните европски клубови, од 1999 година Милан освои три титули во италијанското првенство, а уште два пати славеше и во Лигата на шампионите.

Најново во Меѓународен Фудбал