Пред утрешното гостување на шампионот во Серија А

Само Роналдо има трипати поголема плата од цел тим на Фрозиноне!

Најплатениот фудбалер во домашниот тим ќе биде репрезентативецот на Костарика, Џоел Кемпбел кој заработува 850.000 евра по сезона. Роналдо има неделна плата од 646.000 евра.

објавено: 22 септември 2018 - 20:30

Јувентус утревечер од 20.30 часот му гостува на Фрозиноне во нов меч од италијанската Серија А во обид да дојде до нови три бода во првенството, откако веќе имаше одлично гостување кај Валенсија во Лигата на шампионите. Она штокако куриозитет се појавува пред гостувањето на „Старата Дама" утревечер е фактот што само еден фудбалер на шампионот има тројно поголема плата од целиот тим на Фрозиноне.

Роналдо има договор кој му носи плата во висина од 31 милион евра на годишно ниво, во кој, пак, не се вклучени најразлични спонзорски договори и бонуси. Платата на целиот фудбалски состав со кој Фрозиноне годинава ја почна Серија А лигата е 11 милиони евра. Тоа е само третина од она што само Роналдо го добива како плата во Јувентус.

Најплатениот фудбалер во домашниот тим ќе биде репрезентативецот на Костарика, Џоел Кемпбел кој заработува 850.000 евра по сезона. Чисто за споредба, Роналдо има неделна плата од 646.000 евра.

Најново во Меѓународен Фудбал