И ТОА ГО ИМА ВО ИТАЛИЈА

Седум „цигли" за Алегри, „ситнеж" за Гатузо!

Неверојатна е разликата во платите кај најдобрите тренери во Серија А, макар и да е само привремено...

објавено: 13 февруари 2018 - 20:57

Во овој момент Џенаро Гатузо е најслабоплатениот тренер во најсилната лига на Италија – Серија А. Барем така тврдат секогаш добро информираните медиуми на „чизмата".

Звучи навистина неверојатно но, пред да го замени Винченцо Монтела на првото тренерско место во Милан, како тренер на јуниорската селекција на „росонерите" нивниот легендарен фудбалер, а сега прв тренер, добивал 120.000 евра годишно.
Но, раководството на „црвено-црните" потврдило дека до крајот на оваа сезона неговиот договор, макар и со сменти и тоа битно, функциии, нема да се менува. Па „Рино" ќе остана на скромната плата, односно же приходува скромни десет илјадарки.
За споредба, како прв тренер на Милан, Монтела заработуваше три милиони евра по сезона, односно по 250.000 евра на месец.
Втор на листата на најмалку платени тренери во Серија А е оној на Верона, Фабио Пекиа, кој заработува по 250.000 евра годишно.

А во овој момент пак, најплатениот тренер во Калчото е оној на Јувентус.
Масимилијано Алгери прима седум милиони евра на годишно ниво, додека пак зад него следува неговиот колега од Интер, Лучиано Спалети со годишна заработка од „само" четири милиони евра.
Следуваат тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо со 1.5, и оној на лидерот во лигата – Наполи, Маурицио Сари со плата од 1.4 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал