СЕ ОПОРАВИЈА ОД МАДРИДСКИОТ ШОК

„Старата дама" маршира кон „седумката"

Без особени проблеми Јувентус ја совлада Сампдорија со (3:0), па по 32. кола во Серија А има дури шест бода предност во однос на Наполи.

објавено: 15 април 2018 - 19:57

Затоа е голем Јувентус. Дури и кога е најтешко, шампионот знае како тоа треба да се надмине, и да с епобеди.

По она што им се слушуваше пред неколку дена во Мадрид, „црно-белите" најдоа и сили, најдоа и начин да се вратат назад во италијанскито фудбал, и да продолжат да ја зголемуваат позитивата во однос на конкуренцијата.
На нивниот терен во Торино дојде екипата на Сампдорија и во Џенова си замина со три гола во мрежата.

Серијата на голови ја отвори се подобриот Манџукиќ. Хрватот погоди на истекот на првиот дел од играта, додека пак во вториот стигна дебитантскиот гол на Ховедес, за (2:0), а потоа и на неговито колега од германската репрезентација Кедира, за „чисти" Јувентус – Сампдорија (3:0).
Или 84.бодови, и шест повеќе во однос на тимот од Неапол. А до крајот се само уште исто толку мечеви – шест. Блиску е „Старата дама" и до седмата титула во серија.
Коло кое ќе биде затворено во 20.45 часот, со големото римско дерби, на „Олимпико" ќе истрчаат Лацио и Рома

Најново во Меѓународен Фудбал