Бараа да не продолжи мечот

Судијата нема гајле од земјотрес, навивачите бараа прекин во Пескара (Видео)

Земјотресот во околината на Пескара вчеравечер го почуствуваа и актерите и публиката на мечот меѓу Пескара и Аталанта, а според Рихтер ударот беше со сила од 5,9 степени

објавено: 27 октомври 2016 - 11:51

Земјотресот во околината на Пескара вчеравечер го почуствуваа и актерите и публиката на мечот меѓу Пескара и Аталанта, а според Рихтер ударот беше со сила од 5,9 степени. Публиката и играчите во 33. минута од дуелот бараа да се прекине и да не се игра, но судијата Марко Гвида не дозволи прекин.

Мечот на „Адријатико“ заврши со победа на Аталанта, иако голем дел од гледачите веднаш го напуштија стадионот во Пескара по земјотресот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал