Италијанската второлигашка сцена под „рачна“

Судот ја суспендира Серија Б!

Проблемот со бројот на тимовите кои треба да се натпреваруваат оваа сезона во Серија Б отиде на суд. Про Верчели ја тужеше лигата пред апелацискиот суд во Рим и истиот привремено ја суспендира Серија Б каде веќе се одиграа некомплетни три кола.

објавено: 18 септември 2018 - 18:45

Само што започна, италијанската Серија Б е официјално прекината до изнаоѓање на конечно решение за бројот на тимови кои оваа сезона ќе се натпреваруваат во италијанското второлигашко друштво.

Ова е одлука на италијанскиот Апелациски суд. Од Лигата решија да ја скратат бројката на тимовите од 22 на 20, а на 19-те кои имаа обезбедено пласман уим се приклучи уште еден тим од Серија Ц.

Расправијата стигна до Олимпискиот комитет на Италија, чија Апелациска комисија заседаваше, но немаше ингеренции да го реши прашањето. Сега и официјално првенството е привремено прекинато, а во многу скоро време мора да се изнајде решение за проблемот.

Најново во Меѓународен Фудбал