Интересна понуда за легендата

Тевез го кани Буфон да брани за Бока јуниорс

Карлос Тевез има интересен предлог за Џиџи Буфон и го кани да брани за Бока јуниорс, еден од најголемите клубови надвор од европскиот континент

објавено: 16 април 2018 - 13:00

Карлос Тевез има интересен предлог за Џиџи Буфон и го кани да брани за Бока јуниорс, еден од најголемите клубови надвор од европскиот континент.

Буфон најави дека ќе се пензионира по завршувањето на сезоната, му подготвуваат и проштални натпревари, но оваа варијанта е реална. Голманот на Јувентус изјави дека сонува да брани во големото аргентинско дерби меѓу Бока и Ривер плата и сега би имал шанса, ако го послуша советот и ја прифати понудата на Тевез.

 

Најново во Меѓународен Фудбал