ОФИЦИЈАЛНО Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКАТА

Трагедијата во Џенова одложи два натпревари во Серија А

Новите термини се уште не се одредени, се очекува тоа да се случи во наредните денови, а има најави дека ќе биде одложено и целото прво коло.

објавено: 16 август 2018 - 18:15

Серија А и официјално потврди дека натпреварите од првото коло во новата сезона викендов, Каљари-Фиорентина и Милан-Џенова (на македонскиот интернационалец Горан Пандев) се одложени поради трагедијата во Џенова.

Мостот Моранди се сруши во вторникот изутрина, досегашните информации велат дека дека 38 лица се загинати и има голем број повредени.

Двата клубови од Џенова побарале да не ги играат своите натпревари овој викенд, а целото коло во италијанскиот шампионат би можело да биде одложено.

Сите други натпревари каде што ќе се игра, во знак на сеќавање на жртвите на Џенова, ќе започнат со една минута молчење и тимовите ќе излезат на терен со црни ленти.

Новата сезона во Серија А ќе започне в сабота од 18:00 часот помеѓу Киево и шампионот Јувентус, а од 20:30 Лацио-Наполи. Потоа, во недела од 18:00 ч. Торино-Рома, а од 20:30 Болоња-Спал, Емполи-Каљари, Парма-Удинезе и Сасуоло-Интер. Во понеделник ќе има еден меч од 20:30 ч. помеѓу Аталанта и Фросиноне.

Најново во Меѓународен Фудбал