ФУДБАЛСКО ЛУДИЛО ВО ИТАЛИЈА

ТРЕНЕРОТ НА ПАНДЕВ НЕ ЗБОРУВА СО СОПРУГАТА: Затоа што е Швеѓанка!?

Давиде Балардини вели дека поради мундијалскиот бараж дома има доста напната ситуација...

објавено: 13 ноември 2017 - 16:30

Италија е на нозе, со нетрпение се чека реванш мечот против Шведска кој е дел од баражот за Мундијалот.

А колкава напнатост владее деновиве на „чизмата", особено по поразот од (1:0) на првиот меч во Солна, сведочи и примерот со тренерот на Џенова, Давиде Балардини.
Имено, сопругата на Балардини е со потекло од Шведска, и она што звучи доста непријатно е дека во изминатите неколку дена тој воопшто не разговара со неа.

„Од петокот не сум разговарал со сопругата. Таа само ми дофрла, веќе неколку дена ми вели : Што ти е, се исплаши ли?" - рече Балардини за весникот „Република".

Убеден е дека по вечерашниот реванш во Милано, ќе се радува тој, а не неговата сопруга...

„Во овој момент швеѓаните уживаат во оваа ситуација, односно гледаат како ние патиме. Но се надевам дека веќе нема да имаат причини за славење. Секако, со победите против Франција, Холандија и Италија покажаа дека се скромна и посветена екипа која својата енергија ја 'црпи' од внатре"- додава тренерот на Џенова.

Најново во Меѓународен Фудбал