Досега невидено коло

Весела математика во Серија А - Јувентус побегна од октетот мрзливи екипи

Чудно коло се одигра во Серија А, со мизерен гол-ефект на водечкиот октет освен лидерот Јувентус, екипа која барем малку ја разби летаргијата

објавено: 16 април 2018 - 17:30

Чудно коло се одигра во Серија А, со мизерен гол-ефект на водечкиот октет освен лидерот Јувентус, екипа која барем малку ја разби летаргијата.

Старата дама ја декласира Сампдорија со 3:0, а сите останати седум екипи зад Јувентус одиграа 0:0. Во 32. коло, кое ќе биде забележано како раритет и веројатно досега ваков случај немало.

Вторпласираниот Наполи одигра без голови против шестопласираниот Милан, римското дерби меѓу Лацио и Рома заврши со резултат 0:0, идентично како и дуелот меѓу петтиот Интер и Аталанта, која е на осмата позиција. Ниту седмопласираната Фиорентина не успеа да даде гол, а и не прими против Спал, за вистински куриозитет во Калчото.

Најново во Меѓународен Фудбал