Мислат на двомечот со Шкендија

(Видео) Обамејанг: Јас сакам да се вратам во Милан, не знам што чекаат?

Пјер Емерик Обамејанг се уште може да замине во Милан, поточно да се врати, а за негов кам-бек на „Сан Сиро“ притискаат и навивачите на италијанскиот гигант. Интересна конверзација имаше на Инстаграм, а популарниот Оби нема ништо против повторно да биде во составот на „росонерите“

објавено: 13 август 2017 - 13:30

Пјер Емерик Обамејанг се уште може да замине во Милан, поточно да се врати, а за негов кам-бек на „Сан Сиро" притискаат и навивачите на италијанскиот гигант. Интересна конверзација имаше на Инстаграм, а популарниот Оби нема ништо против повторно да биде во составот на „росонерите".

„Јас сакам да се вратам, но не знам што чекаат тие“, вели во конверзацијата со еден од навивачите на Милан, Обамејанг. Видеото е објавено на социјалните мрежи, а еден од најдобрите напаѓачи на планетата се уште е на листата летни желби на Милан. Интересно е што тој пристигна пред точно 10 години во Милано, кај „црвено-црните“, но не успеа да го привлече вниманието, иако беше кај „росонерите“ цели 4 години. Потоа беше на позајмица во неколку француски клубови, а блесокотго најави во Сент Етјен, за потоа комплетно да експлодира во Борусија Дортмунд, чиј член е од 2013 година.

Најново во Меѓународен Фудбал