ПОЧНА НОВА ЕРА ВО ИТАЛИЈА

Во Серија А дебитираше првиот играч роден во 2000 година

Мојс Кејн влегува во историјата на калчото како прв играч кој е роден во 21 век

објавено: 20 ноември 2016 - 12:15

Италијанскиот првак Јувентус синоќа без поголеми проблеми со 3:0 победи во дуелот против Пескара и ја задржа челната позиција во Серија А. Мечот во Торино го одбележа тинејџерот Мојс Кејн. Талентираниот 16-годишен играч дебитираше во дресот на „старата дама“.

Интересно е тоа што Кејн стана првиот играч во историјата на Серија А што заиграл, а е роден во 2000 година. Тој е роден во февруари 2000 година, што значи дека е првиот играч во италијанското првенство што е роден во 21 век. 

Тинејџерот кој е роден во Италија, а игра како напаѓач, влезе во 84 минута на местото на Марио Манџукиќ, кога беше јасно дека Јувентус ќе ги освои трите бода. Против Пескара, Јувентус стигна до 23 првенствена победа по ред, на домашен терен. 

Најново во Меѓународен Фудбал