Новиот претседател на „росонерите“ знае што сака

„За Милан приоритет е Лигата на шампионите, а не Скудетото“

Претседателот на Милан, Паоло Скарони, призна дека освојувањето на Скудетото не е приоритет за клубот туку враќање во Лигата на шампионите и освојување на трофејот.

објавено: 14 септември 2018 - 22:30

Претседателот на Милан, Паоло Скарони, призна дека освојувањето на Скудетото не е приоритет за клубот туку враќање во Лигата на шампионите и освојување на трофејот.

„Росонерите" се најуспешниот италијански клуб во Европа со седум трофеи од Лигата на шампионките, плус уште два трофеи од Купот на УЕФА и пет Суперкупови на УЕФА. Екипата е во голема криза и нема играно во Лигата на шампионите од 2014 година наваму, кога беше елиминирана од Атлетико Мадрид во четвртфиналето.

„Поставивме за цел пласман во Лигата на шампионите оваа сезона, затоа што таму е местото на Милан. Јас сум приврзаник на идејата дека во зависност од начинот на кој фудбалот еволуирал, Скудетото стана помалку важно. За Милан е најважно да игра во Лигата на Шампионите и да атакува на трофејот таму", смета Скарони.

Најново во Меѓународен Фудбал