ОВА Е НАЈЛОШАТА ОДЛУКА ВО КАРИЕРАТА

Избега од Исланд бидејќи мислеше дека никогаш нема да игра на СП

Арон Јохансон пред четири години реши да замине од родената земја и да прифати да игра за САД 

објавено: 13 октомври 2017 - 09:00

Арон Јохансон пред четири години ја донсе можеби најлошата одлука во кариерата. Со 22 години реши да се откаже од дресот на Исланд, за да може да заигра во репрезентацијата на САД. Јохансон имаше одиграно 10-тина мечеви во У-21 селекцијата на Исланд, а во 2012 година доби повик да биде дел од сениорската репрезентација, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил. 

Поради повреда тој сепак се повлече од списокот на репрезентативци. Неколку месеци подоцна доби повик од селекторот на САД, Јирген Клинсман, да игра за американската рпрезентација. Одбра да игра за САД.

Самиот фудбалер објаснува дека решил да игра за САД, бидејќи не верувал дека како репрезентативец на Исланд некогаш би можел да заигра на Светско првенство. Во родната земја беше наречен предавник, а самиот играч не ни можеше да верува дека следуваат најблескавите денови за репрезентацијата на Исланд. 

Џохансон е роден во 1990 година во сојузната држава Алабама во САД, па затоа и доби право за државјанство и настап во дресот на Америка. Во дресот на САД заигра на СП во Бразил, каде во еден меч даде и гол. Исланд не се пласираше на Мундијалот во Бразил, откако беше сопрен во плеј-офот од Хрватска.

Сепак, сега три години подоцна Исланд има обезбедено место на завршницата на СП во Русија, а САД е елиминрана. Исланд минатата година беше дел и од Европското првенство во Франција, со што покажува кој е квалитетот на оваа мала островска земја.

 

Најново во Меѓународен Фудбал