НОРВЕЖАНИТЕ БЕА НА ЧЕКОР ОД ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ЛШ

ИЗБЕГНАТ СРАМ: „Лордот“ во 94. минута го спаси Розенборг!

Можеше многу лесно норвешкиот претставник да остане без пласман во второ квалификациско коло од Лигата на шампионите.

објавено: 18 јули 2018 - 21:51

Розенборг кој минатата сезона играше во група на Лига Европа со Вардар, вечерва во самиот финиш на реваншот од првото квалификациско коло на ЛШ успеа да избегне шокантна елиминација.

После првиот дуел во Исланд, екипата на Валур имаше водство од 1:0 и се до самиот финиш на реваншот имаше сигурен пласман во следната фаза.

Но, тоа го спречи популарниот „Лорд", Никлас Бендтнер кој во 94. минута беше сигурен од белата точка и му донесе радост на својот тим за конечен резултат 3:1.

Сите голови беа постигнати во второто полувреме, водеа Норвежаните со 2:0, во 55. минута стрелаше Бендтнер од пенал, па асистираше во 72. мин. Следуваше голема радост на Исланѓаните кои намалија преку Сигурдсон, но на крајот истата кратко траеше.

Во следното второ квалификациско коло на ЛШ, тимот на Розенборг ќе ги одмери силите против шкотскиот гигант Селтик.

Најново во Меѓународен Фудбал