ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ НА ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ

ИЗБЕГНАТА СПОРТСКА ТРАГЕДИЈА: Со хeликоптер спасен животот на играчот на Ајакс (Видео)

Во 73 минута од мечот, 20-годишниот Абделхак Нури колабираше на теренот, а лекарите се бореа за неговиот живот

објавено: 8 јули 2017 - 19:22

Пријателскиот меч меѓу Ајакс и Вердер не го дочека крајот и тоа поради фактот што можеше да се случи уште една спортска трагедија. Во 73 минута, младиот 20-годишен играч на Ајакс, Абделхак Нури падна на теренот и почна тешко да дише. Играчите веднаш ја сопреа играта и знаеја дека се работи за нешто сериозно. 

На теренот влезе лекарска екипа и веднаш му беше дадена прва помош на играчот. Фудбалерите на двата тима, немо само посматраа што се случува на теренот. Гледачите беа замолени да си заминат од трибините, а за брзо време на теренот слета и хeликоптер и играчот беше пренесен во болница.

Од Ајакс известија дека се работи за срцева аритмија, но и дека состојбата на Нури се стабилизирала. Младиот Холанѓанец ги има поминато сите младински школи на Ајакс, а од минатата година е во првиот тим на трофејниот клуб. 

Минатата сезона имаше повеќе од 40 настапи за првиот и вториот тим, а неговата вредност се проценува на 2,5 милиони евра. Уште нема дадено погодок за сениорскиот состав.

Пријателскиот меч против Вердер беше прекинат при резултат 2:1 за германскиот тим.  

Најново во Меѓународен Фудбал