НЕОЧЕКУВАНИ ПРОБЛЕМИ ЗА „ГАУЧОСИТЕ“

Израелците побараа Аргентина да биде исфрлена од Мундијалот!

Ова се случува поради неодиграниот пријателски меч

објавено: 8 јуни 2018 - 08:30

Аргентинската фудбалска федерација реши да го откаже пријателскиот меч против Израел, кој требаше да се игра в сабота во Ерусалим. Сепак овој меч на „гаучосите“ нема да се одигра поради безбедносни причини. Играчите на Аргентина, посебно капитенот Лионел Меси доби дури и смртни закани, па челниците на федерацијата решија да не патуваат на ова гостување. 

Поради ваквата одлука на Аргентина, компанијата која ги има откупено телевизиските права за пренос, реши да поднесе тужба до „гаучосите“. Како причина за тужбата е наведена религиската дискриминација, а барањето е Аргентина да биде исфрлена од Светското првенство во Русија. 

Секако оваа тужба нема да биде прифатена од ФИФА и Аргентина може мирно да ги прави поседните подготовки за Мундијалот. Наместо синоќа да отпатуваат за Израел, јужноамериканците решија да го прескокнат последниот контролен меч пред патот кон Русија. 

Најново во Меѓународен Фудбал